Едно лице е повредено во лавините што вечерва паднаa во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир, информираше градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.
„Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата“,
напиша Куртовски на Фејсбук.
Поради лавините сообраќајот беше во прекин, а градоначалникот доцна вечерва информираше дека се пробиени и исчистени.
Местото каде се паднати лавините е познато по вакви појави.
Попладнево поширокиот дебарски регион, општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше беа зафатени со обилни снежни врнежи.