Од МВР информираат дека на денешниот попладневен метеж, меѓу другото, влијаеле неколку полесни сообраќајни несреќи, но и зголемената употреба на возила поради временските услови. Велат оти припадници на СВР Скопје постапиле со цел намалување на метежот, но посочуваат дека според Законот за безбедност на сообраќајот и патишатата, контролата на семафорите и сообраќајот на крстосниците е во надлежност на Град Скопје
До доцна попладнево главните булевари во Скопје беа во целосен сообраќаен колапс. Колони возила со часови останаа заглавени по улиците и крстосниците во главниот град.
За тоа сведочат и фотографии и видеа кои граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи.


Дел од медиумите објавија видео на кое од птичја перспектива се гледаат колони возила на еден од скопските булевари. Автомобилите стојат во место, а возило на Итната медицинска помош, во неможност да се пробие по улицата, се движи по еден од тротоарите.
За сообраќајниот хаос во Скопје, кој траеше околу три часа, се огласија и од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека на денешниот попладневен метеж во главниот град, меѓу другото, влијаеле неколку полесни сообраќајни несреќи, но и зголемената употреба на возила поради временските услови.
Додаваат дека припадници на СВР Скопје постапиле со цел намалување на метежот и поголема проточност на сообраќајот, но посочуваат дека според Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата (ЗБСП), надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците во главниот град е Град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).
„Врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје – Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот“,
велат од МВР.