Еден ден по нападот на Украина, Русија ги предупреди и Финска и Шведска дека е против нивно придружување на НАТО
Финска денеска ја почнува дебата што може да доведе до тоа земјата да поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели, јави Би-би-си.
Извештајот направен по барање на владата, а објавен денеска, ја истражува „во основа променетата“ безбедносна средина, наведува финското Министерство за надворешни работи за процедурата што ќе треба да мине низ парламентот.
Почетокот на јавната расправа е планиран за недела дена подоцна, наведува Би-би-си.
До неодамна мнозинството Финци не сакаа членство во НАТО, но руската инвазија на Украина ги натера на некои преиспитувања на ставовите. Најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството дава поддршка за членството во Алијансата.
Еден ден по нападот на Украина, Русија ги предупреди и Финска и Шведска, дека е против нивно придружување на НАТО.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека не исклучува кандидатурата за членство во НАТО по руската инвазија врз Украина, иако досегашниот нејзин став беше дека сака Шведска да биде надвор од сите воени сојузи.