Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре пристигнуваат респираторите кои се донација од Европската Унија за земјава, додека оние кои ги набавува Министерството за здравство ќе пристигнат во периодот што следи.
„Успеавме со овој добар менаџмент и сега да имаме апсолутно доволен број респиратори, но сакам да се подготвуваме за секави сценарија“,
рече министерот за здравство вечерва во интервјуто на ТВ24.
Тој упати благодарност до Унијата и евроамбасадорот Самуел Жбогар за поддршката за здравствениот систем на нашата земја од четири милиони евра за справување со состојбата предизвикана од пандемијата од ковид-19.