Од утре продолжува да важи забраната за движење во период од 22 до 5 часот наутро, информираат од Министерството за здравство.
„Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана. Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19“,
велат од министерството.
Министерот за здравство, Венко Филипче претходно посочи дека доколку дојде до влошување на состојбата со ковид-19, не се исклучува можноста за кратење на работното време на угостителите и зголемување на времето на полицискиот час.