„Сакам да му упатам јасна порака: Никој не му се плаши на Мицкоски. Со заканите што ги упатува и со навредите само покажува колку е неспособен и колку е слаб. И тоа граѓаните секој ден сè повеќе го сфаќаат“, рече тој
Претходно координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Дополнително, рече дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски кој, како што додаде, се обраќа кон пратениците како „мизогени“ и „палири“
По излагањето на координаторот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Оливер Спасовски на вонредната прес-конференцијата во Собранието, свое обраќање имаше и лидерот на партијата, Венко Филипче, посочувајќи дека заканите и навредите упатени кон пратеници од страна на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ се знак на слабост.

„И што се случува кога веќе немате каде, кога веќе не можете да лажете, затоа што веќе сте прочитани од граѓаните, нормално е дека се заканувате. Сакам да му упатам јасна порака: Никој не му се плаши на Мицкоски. Со заканите што ги упатува и со навредите само покажува колку е неспособен и колку е слаб. И тоа граѓаните секој ден сè повеќе го сфаќаат“,
рече тој.
Според него, заканите се последица на немоќта на власта да покаже резултати и да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Осврнувајќи се на најавената реконструкција на Владата, Филипче рече дека таа нема да донесе промени, туку претставува само замена на имиња без нови политики и резултати.
„Ова е реконструкција која е само замена на имиња – едни луѓе со други. Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат ништо, исто како што досега не видоа резултати од работата на Владата“,
посочи Филипче.
Филипче додаде дека Владата нема капацитет да понуди решенија за клучните проблеми на државата и граѓаните и оцени дека премиерот не успеал да креира политики од кои би имало корист и државата и граѓаните.
Претходно координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески.
Дополнително, рече дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што додаде, се обраќа кон пратениците како „мизогени“ и „палири“.
„Тоа како дел од омразата може да продуцира и насилство. За среќа можеби беше спречен и физички напад веднаш по прекинување на седницата во која кандидатот за министер упати закани и пцости кон двајца наши пратеници“,
вели Спасовски.
Оцени дека јавноста е сведок на огромна нервоза во моментите кога се говорело за, како што додаде, дебаклот и неуспесите на извршната власт во изминатите две години.
„Тоа претставува говор на омраза што може да роди насилство. И тоа што следеше по прекинување на седницата беше вистински напад, не само вербален од страна на кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, кој се нафрли врз двајцата пратеници, не само физички, вербално, туку и со пцовки. Мислам дека тоа не доликува на кандидат за министер, кој треба ова Собрание да го избере“,
рече тој.
Спасовски упати критики и до собранискиот спикер Африм Гаши поради неговото молчење и отсуство на реакција на случувањата во законодавниот дом.
Реакцијата на Спасовски следи по расправата за предлогот Иван Стоилковиќ да биде министер за локална самоуправа, во која пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, оцени дека со неговото назначување „српскиот свет“ добива позиција на „губернатор“ во 80 општини.
Потоа, премиерот Христијан Мицкоски, пак, ги отфрли критиките на опозицијата поврзани со наводите за таканаречен „српски свет“, обвинувајќи го СДСМ за двојни стандарди во односите со лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.
