Комисијата за заразни болести иа став дека наставата треба да започне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за Канал 5.
„Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“,
изјави Филипче.
Притоа тој посочи на опасностите за ширење на заразата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.
Овој став денеска, рече Филипче, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.