Министерот за здравство, Венко Филипче, преку Фејсбук порача дека имаме два избори, почитување на мерките или враќање кон рестрикциите.
„Ние не можеме вечно да живееме во карантин. Тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество. Имаме два избори, или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои. Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем. Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена“,
вели Филипче.
Оние кои не веруваат во тоа, посочува министерот, нека го погледнат Дебар. Таа општина прва влезе во карантин, а денес благодарение на дисциплината на граѓаните со недели нема регистрирано нов случај.
*Поврзани вести:
Ковид-19: Нови 35 случаи, 4 починати и 19 оздравени
Од денешните 22 случаи во Скопје: 5 се во Чаир, 3 во Бутел, 2 во Сарај
Епидемиолозите со полиција ќе прават анкети со семејството на починатиот со ковид-19