Во Дебар 45 не се регистрирани нови случаи со ковид-19.
За позитивните вести, на социјалните мрежи се огласи и вицепремиерот Бујар Османи, честитајќи му на градоначалникот Хекуран Дука.
Дебар беше првото жариште на коронавирусот во земјава. За оваа и за Општина Центар Жупа беше воведена и кризна состојба.
Во Дебар беа регистрирани 51 случај со ковид-19, а во моментов нема ниту еден активен. Таму беа регистрирани и 4 смртни случаи.
*Поврзани вести:
Ковид-19: Нови 35 случаи, 4 починати и 19 оздравени
Од денешните 22 случаи во Скопје: 5 се во Чаир, 3 во Бутел, 2 во Сарај
Епидемиолозите со полиција ќе прават анкети со семејството на починатиот со ковид-19