Без да го земам редот на колегите кои работат во ковид-центрите, би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина, вели Филипче
Немам резерва кон ниту една вакцина, нема да го земам редот пред колегите здравствени работници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за тоа со која вакцина против ковид-19 би се вакцинирал тој.
„Во смисла на тоа со која вакцина јас лично би се вакцинирал…Немам резерва кон ниту една вакцина, без намера да ја земам прендоста пред колегите кои работит со ковид-пациенти. Во смисла дека вакцините се безбедни и дека не треба да има сомнеж кај граѓаните, јас би се вакцинирал меѓиу првите со која било вакцина која ќе пристигне во земјата“,
рече Филипче.
Засега, нема точен датум кога ќе пристигнат вакцините од Кина, но како што рече министерот, во понеделник ќе биде потпишан договорот за набавка. Тој рече дека вакцината на АстраЗенека која треба да пристигне преку КОВАКС-механизмот се очекува во месец март.
На прашањата за вакцините од Фајзер/Бионтек, Филипче рече дека се допрецизираат договорите за посебната набавка, но и за вакцините кои треба да дојдат од оваа компанија преку Србија.
Филипче рече дека државата е отворена кон сите производители на вакцните против ковид-19, вклучувајќи ја и руската вакцина „Спутник В“.