Една жена во Скопје и една во Куманово пријавиле во полиција насилство од свој сегашен, односно поранешен партнер. Во првиот случај, четириесет и едногодишната Д.Д. од Скопје пријавила дека на 9 април околу 19 часот, во семејниот дома на улицата „Коце Металец“, по меѓусебна расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг С.Б. (48).
*Поврзана вест: За жените и децата жртви на семејно насилство да не важи забраната за движење, бараат невладините
Полицијата го пронашла лицето во близина на неговиот дом и го лишила од слобода. За овој случај поднесена е кривична пријава за дело семејно насилство и за ова дело според член 130 став 2 од Кривичниот законик се предвидува казна од шест месеци до три години затвор.
*Поврзана вест: Пораст на семејното насилство во услови на изолација, целосната забрана за движење би ја влошила положбата на жртвите
Втората пријава се случила во село Алгуња, Нагоричане, кога триесет и деветгодишната Н.П. пријавила дека вчера околу 10.30 часот кај бензинска пумпа на ул.„Доне Божинов“ во Куманово била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С.(41) од с.Режановце.
За овој случај е направен записник за констатиран прекршок според Законот за нарушување на јавен ред и мир од член 12 кој вели дека се изрекува глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.