Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.
Ова е еден од заклучоците кои Владата го донесе на денешната седница, а е со цел да се намалат непродуктивните трошоци за полесно да се справи државата со кризата поради коронавирусот.
„Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата“,
пишува во заклучоците.
Владата ги задолжи и јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020 година.
„Се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот“,
соопштија од Владата.
*Поврзана вест: Владата забрани нови вработувања и исплата на регрес во јавниот сектор