Според Османи, вчерашниот коментар на бугарското МНР, всушност се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 кој што уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени а потоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст
Тоа што зборувам јас за документ, всушност е за португалскиот кој што сè уште е основа за постигнување на договор што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период, меѓутоа сметам дека тој предлог останува во сржта на наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни, рече министерот Османи за време на средбата со бугарскиот премиер Петков и шефицата на бугарската дипломатија Генчовска и додаде оти двете страни се стремат кон демократски и либерални вредности.
Според Османи, вчерашниот коментар на бугарското МНР, всушност се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 кој што уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени а потоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.
„Меѓутоа, тие прашања се помалку важни. Битно е да продолжи комуникацијата. Очигледно, како што реков, и во Бугарија ова доста предизвикува различни ставови па и во рамки на коалицијата. Нашите позиции се јасни. Ние се движиме во рамки на позициите кои што ги имаме во Парламентот. Сметаме дека предлогот на меѓународната заедница е единствениот официјален предлог на ЕУ претставен преку тогаш португалското претседателство што беше преземено потоа од словенечкото претседателство и понатаму останува тој документ – португалскиот предлог што ние сме го прифатиле и сметаме дека треба да биде основа за решение“,
рече Османи.
Шефот на дипломатијата оцени дека овие чести средби можат само да ја подобрат таа динамика и покрај сите разлики помеѓу двете страни.
„Очигледно дека имаме разлики. Имаат разлики партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите. Не е лесно. Комплексно прашање е, меѓутоа ние сме должни како политичари да испорачаме на граѓаните европска перспектива притоа штитејќи ги нашите интереси. Покажавме дека можеме да го штитиме нашите интреси, инаку ќе имавме решение многу подамна, истакна министерот Османи и додаде дека целта е Европската Унија да се соедини во овие демократски и либерални вредности кон кои сите се стремиме“,
истакна Османи.
По кратката средба со Османи, бугарскиот премиер Петков ги потврди целите на зачестените средби со македонскиот политички врв, додавајќи оти двете страни имаат јасни задачи, а сега како што додаде, треба да создадеме услови за тие да напредуваат.
„Сите веруваме и силно сме убедени дека европската иднинина на Северна Македонија е важна за стабилноста на Балканот. Јас верувам во тоа и нашата Влада верува во тоа, и ќе продолжиме оперативно да дејствуваме по задачите кои што си ги зададовме“,
изјави Петков.