Од МНР на Бугарија нагласиле и дека кога ќе има изгледи за значителен напредок бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите
За време на состанокот во февруари Бугарија ја информираше Република Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат.
Ваков одговор од бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) дале за новинската агенција БГНЕС откако вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи изјави дека постои документ кој би можел да биде основа за договор и оти за истиот нема одговор од Бугарија.
„Постои активен дијалог помеѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија, со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашање. Последниот експертски состанок на тимовите од МНР се одржа на 11 февруари годинава и на него се разговараме за последните предлози од РСМ, кои официјално беа испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна од 2021 година. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на РСМ дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“,
велат од бугарското МНР за БГНЕС.
Оттаму нагласиле дека кога ќе има изгледи за значителен напредок бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите.