Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) ќе има дупка уште шест или седум години, додека не почне поробусната исплата на пензиите од вториот пензиски столб, рече премиерот Христијан Мицкоски
Во партијата се уште постојат различни мислења по однос на вториот пензиски фонд. Се дебатира и се анализира на состаноците на Извршниот комитет. Едниот став е да се примени концептот за негово национализирање, односно да се примени концептот како во Естонија, Полска, Унгарија, а вториот е за негово функционирање како што е сега. И едниот и другиот за и против аргументи“,
Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) ќе има дупка уште шест или седум години, додека не почне поробусната исплата на пензиите од вториот пензиски столб, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за различните ставовите во неговата партија во однос на вториот пензиски столб.

Посочи дека, овој момент нема да носат одлуки бидејќи ценат дека ќе има дупка во ПИОМ во наредните шест или седум години, сè додека вториот пензиски столб не почне поробусно да учествува во исплатата на пензиите кон корисниците.
„И сега вториот пензиски столб почнува полека да учествува во исплатата на пензиите. Но, тоа е минимално. За шест до седум години очекувам сето ова да биде нивелирано и да биде поинаку споредено со денешната состојба. Инаку, состојбата на Фондот е стабилна“,
рече тој.
Посочи дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет имало предлог од страна на бизнис-заедницата да се зголеми ДДВ, односно тоа да не биде 18 отсто, туку 19,5 отсто.
Според него, секакви идеи има, но треба да се стават сите аргументите на маса, да се направи анализа и да видат што добиваат, а што губат, па потоа да се носат одлуки.