Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува Никола Мицевски, а за негови заменици ИК ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова. Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески
Повеќе одлуки за кадровски промени и доекипирања биле донесени на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата чие раководство деновиве е соочено со барања за одговорност за резултатот од изборите на 15 јули.
Кадровските освежувања беа најавени кон крајот на минатиот месец, набрзо по парламентарните избори, а пред и официјално да стартуваат преговорите за составување на новата влада, на вчерашната седница на ИК, пак, било констатирано: „Владата што ја изгласаа СДСМ и ДУИ е со стари и истрошени кадри, кои во Македонија донесоа само криминал, корупција и рекет“.
Состојбата со економијата и растечката сиромаштија, како што било заклучено на седницата на ИК, е се позагрижувачка, има одлив на странски инвестиции наместо привлекување и зголемување на невработеноста за нови 40 илјади. Владата на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, е регресивна и не може да ја води државата.
Откако парискиот лидер Христијан Мицкоски вчера попладне соопшти дека нема да поднесе оставка, вечерта заседавал ИК на партијата, кој донел одлука за избор на претседатели на општински комитети во првата, втората и третата изборна единица. Во партиското соопштение нема информација дали новите локални челници се поставени поради истечен мандат на нивните претходници.
За нови претседатели на општински комитети се избрани:
– Иван Живковски – ОК Кисела Вода;
– Дејан Митески – ОК Аеродром
– Тони Јаревски – ОК Карпош
– Гане Петров – ОК Центар
– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод
– Јане Мицевски – ОК Сопиште
– Кенан Абди – ОК Студеничани
– Мартин Стојановски – ОК Сарај
– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба
– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров
– Ѓоко Велковски – ОК Чаир
– Дарко Костовски – ОК Бутел
– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево
– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари
– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден
– Марија Петрушевска – ОК Петровец
– Коста Маневски – ОК Зелениково
– Зоран Здравевски – ОК Чашка
– Дејан Владев – ОК Свети Николе
– Иван Јорданов – ОК Штип
– Виктор Паунов – ОК Карбинци
– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево
– Борчо Коцев – ОК Зрновци
– Митко Костадиновски – ОК Виница
– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица
– Бошко Цветковски ОК Лозово
-Киро Нацков ОК Градско
Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува Никола Мицевски, а за негови заменици ИК ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.

Извршниот комитет го избра Сергеј Попов за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, при што соопшти дека тој е апсолвент на Правниот факултет во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС.
Донесена е одлука и за распишување оглас за избор на претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели. Оваа партиска функција досега ја извршуваше пратеничката Благица Ласовска по оставката на Даниела Рангелова кон крајот на 2018 година.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески. До скоро директор на партискиот Центар за комуникации беше Иво Котевски, поранешен портпарол и помошник-министер во МВР.
Процесот на кадровски смени и доекипирање, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжи во периодот што следува.