Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, до петок се очекува променливо облачно и наместа нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Следува и значителен пад на температурите
Променливо облачно време со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Се најавува и локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во западните делови од земјата ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од западен правед.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 27 до 32 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината е можна и појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 17 до максимални 31 степен.
Според најавата на УХМР, до петок се очекува променливо облачно и наместа нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Следува и значителен пад на температурите.
