Во меѓувреме, Дојче веле објави проекција како би изгледал германскиот парламент врз основа на излезните анкети: ЦДУ/ЦСУ би освоиле 200 места, СПД 197, Зелените 119, АФД и ФДП по 87, Левица 39 и останатите едно место
Гласачките места во Германија се затворени, а првите изборни анкети покажуваат дека Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија (СПД) се речиси изедначени.
Дојче веле, врз основа на излезните анкети направи проекција како ќе изледа идниот германски парламент.

Според оваа прогноза, ЦДУ/ЦСУ би освоиле 200 места, СПД 197, Зелените 119, АФД и ФДП по 87, Левица 39 и останатите едно место.
Лашет: Ќе сториме се за да формираме влада предводена од ЦДУ
Кандидатот на демохристијаните за канцелар Армин Лашет во својот прв говор по затворањето на гласачкит места, ѝ оддаде почит кон актуелната канцеларка Ангела Меркел, која е на власт 16 години и која стоеше зад него. Тој оцени дека граѓаните и дале мандат на неговата партија, со цел да формираат влада што ќе ја води Германија во иднина.

„Се чини дека ќе имаме коалиција од три партии. Ова го гледаме како јасна порака од гласачите кои ни го дадоа мандатот за формирање влада. На Германија и е потребна коалиција на иднината, која ќе ја обедини земјата“,
рече Лашет.
#Laschet live with #Merkel by his side , he thanks her first thing pic.twitter.com/n8X07xDs9S
— Spanish Pablo (@SpanishPablo) September 26, 2021
Но, од видеата и фотографиите кои ги објавија медиумите и на социјалните мрежи, се гледа дека атмосферата во штабот на ЦДУ не е толку оптимистична какоо што е Лашет.

Аналена Бeрбок: Ова беше досега невидена кампања
Кандидатот на Зелените, кои сега имаат околу 14,5 проценти, им се обрати на гласачите. Таа им се заблагодари на сите што учествуваа во кампањата и посочи дека таква неизвесност не владеела во Германија со години.

„Во секој дел од Берлин и цела Германија, излезноста е феноменална. Благодарам на сите луѓе низ целата земја, ова беше извонредна кампања, невидена досега во оваа земја“,
рече Бербок.
„Ова е јасен показател дека граѓаните сакаат фокусот да биде на климатските промени и изнаоѓање решенија за истите. Навистина сме пресреќни, и сега треба да ги исполниме нашите ветувања“,
рече Јирген Тритин.
СПД: Се вративме!
Кандидатот за канцелар на левоцентристичките социјалдемократи на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц ги поздрави резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД има мало водство пред конзервативците.
„Ова ќе биде долга изборна ноќ, тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД бидејќи сакаат промена на власта, и сакаат следниот канцелар да се вика Олаф Шолц“,
истакна тој пред своите поддржувачи.

Претходно, Ларс Клингбејл, генерален секретар на СПД е убеден во победата на неговата партија. Иако се уште не се преброени гласовите, тој изјави дека СПД веќе има мандат да формира нова влада, бидејќи победникот е Олаф Шолц.
Secretary General of the Social Democrats, Lars Klingbeil, says: “We are back. Olaf Scholz has the mandate to form Germany’s next government.” #btw21 pic.twitter.com/etEUUxr4Di
— Anja Koch (@anjk) September 26, 2021
Кога се очекуваат резултатите?
Прво се пресметуваат прелиминарните резултати од гласањето. По затворањето на избирачките места започнува рачно пребројување на гласачките ливчиња, по што податоците се пренесуваат до општината.
Оттаму, тие се соопштуваат телефонски или електронски на окружно ниво, потоа до администрацијата на федералните провинции, а потоа ги испраќаат информациите до Берлин, каде што се наоѓа канцеларијата на претседателот на Федералната изборна комисија.
Дури утре навечер властите веќе ќе можат да ги објават официјалните прелиминарни резултати од изборите. Оваа година, поради пандемијата на ковид-19, беше овозможно да се гласа и по пошта.
Утврдувањето на официјалните конечни резултати почнува од утре и трае повеќе од две недели.