За вечерата во Истанбул, премиерот рече дека веќе најавил повеќе стратешки патувања, како во Тирана, Виена и Париз. Конкретно, за разговорите со Ердоган рече дека се утврдени најамалку 10 нови инвестиции на Турција во земјава, како и соработка на други полиња
Премиерот Зоран заев го оцени денеска како позитивно свртувањето на неговите коалициски партнери од ДУИ кон зелената агенда, посочувајќи дека тоа е знак за насочување на политичките субјекти во земјава кои се во интерес на сите граѓани, независно од етничката припадност.
„Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно со ветувања, затоа што нивниот збор потоа претставува обврска. Мене ми е драго што најголеата партија од албанскиот политички блок ја заокружува етничката агенда и се врти кон граѓански теми. Тоа што граѓаните го очекуваат од партиите на власт се подобрување на состојбите во економијата, во инфраструктурата, во животната средина“,
изјави Заев, по денешниот увид на изградбата на регионалниот пат Кавадарци-Дреново, а откако пред неколку дена самиот најави дека Али Ахмети ќе соопшти убава вест за граѓаните.
За синоќешната вечера во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Заев рече дека веќе најавил повеќе стратешки патувања во претстојниот период, како во Тирана, Виена и Париз. Конкретно, за разговорите со Ердоган рече дека се утврдени најамалку 10 нови инвестиции на Турција во земјава.
„Разговаравме за соработката меѓу нашите армии, како партнери во НАТО. На наше барање, веднаш излеога во пресрет со 30 илјади вакцини, што очекуваваме да стигнат за околу една седмица. Другите детали што ги договоривме не би ги соопштил сега, затоа што станува збор за стратегии и планови“,
рече Заев.
Заев најави многу состаноци со европски лидери околу престојните самити на НАТО и на ЕУ, заклучувајќи дека пред нас е значаен период во однос на можната деблокада на почетокот на преговорите со Унијата.