На својот врв, ураганот достигнал трета категорија, со постојани ветрови од 193 километри на час
Четири лица загинале, а стотици илјади останале без електрична енергија откако ураганот „Исаија“ ги погоди јужните делови на Соединетите Американски Држави (САД), рано во саботата, предизвикувајќи големи штети. Ураганот, како што пренесоа светските медиуми ги погодил сојузните држави Флорида, Алабама, Џорџија и Мисисипи, а властите во дел од нив прогласиле вонредна состојба.

Две лица загинале во Флорида, а две во Алабама, од кои дел настрадале од паднати дрвја врз станбени објекти, пренесоа тамошните медиуми повикувајќи се на информации од локалните власти.
Според податоците од услугата PowerOutage.us, околу 420 000 корисници останале без електрилна енергија во Флорида, 190 000 во Алабама, 43 000 во Џорџија и 17 000 во Мисисипи.
По минувањето на ураганот, поплави, урнатини и голема материјална штета биле регистирани низ цела Флорида. „Исаија“ стигна до копното доцна синоќа, а според американските метеоролози станува збор за првиот атлантски ураган во сезоната.
На својот врв, ураганот достигнал трета категорија, со постојани ветрови од 193 километри на час.
Сојузните држави Флорида и Алабама издале задолжителни наредби за евакуација во најранливите области, додека „Исаија“ продолжил да се движи кон Џорџија.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, ги предупреди граѓаните да обрнат посебно внимание на опасностите што остануваат откако ќе помине ураганот.
„Грижете се за сопствената безбедност во наредниот период. Не се доближувајте до паднати далноводи и не возете по поплавени патишта, бидејќи последиците можат да бидат фатални. Ова ќе помине, ситуацијата ќе се врати во нормала. Бидете трпеливи и дејствувајте одговорно за себе и за вашето семејство“,
рекол ДеСантис.
Според новинските извештаи, властите во Флорида не добиле барања за пребарување и спасување кратко откако бурата се спуштила на копно, што според ДеСантис сугерира дека последиците биле ограничени.
Во текот на денот, „Исаија“ почнал да губи на интензитет и преминал во категорија на посттропски циклон. Се очекува бурата да продолжи да слабее како што се движи кон североисток, но Националната океанска и атмосферска администрација на САД предупреди дека Северна и Јужна Каролина и Џорџија би можеле да бидат погодени од поплави од обилните дождови.

Стручните служби во Алабама издале предупредувања за силни ветрови, обилни дождови и можност за таканаречени секундарни торнада.
Поради развојот на ситуацијата, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Внимателно ја следиме ситуацијата. Мислам дека го имаме ураганот под контрола, но многу внимателно ја следиме Алабама“,
рече Трамп.
Ураганот „Исаија“ е само една од неколкуте силни бури што му се закануваат на северноамериканскиот континент овој викенд. Се очекува тропската бура „Рејчел“ да ја погоди јужна Калифорнија, додека ураганот „Сајмон“ треба да стигне до копното на пацифичкиот брег во недела (11 октомври).
