Претседателот на парламентот Талат Џафери, како што најавија од неговиот кабинет, утре во 10 часот ќе ги распише десеттите парламентарни избори.
Изборите треба да се одржат на 12 април, а од утре ќе почнат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Со денешното распуштање на деветтиот парламентарен состав, создадени се услови за одржување на вонредните избори што партиските лидери ги договорија лани во октомври.