Меѓу 14-те загинати идентификуван е и еден македонски државјанин

На територијата на Србија денеска е прогласен Ден на жалост поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровна конструкција на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера при што загинаа 14 лица, а тешко се повредени уште три лица.
Во Нови Сад, градоначалникот Милан Ѓуриќ прогласи тридневна жалост.
Сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад вечерва упатија македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.