Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ,,Телма” ТВ, рече дека земјава има најмал процент на заразени припадници на полицијата во регионот.
На повеќе од 12 000 вработени и толку сериозни ангажмани, рече министерот, имаме само 18 припадници на МВР кои се позитивни.
„Во сите случаи, според епидемиолошката анкета која се прави и која ја утврдува поврзаноста, е утврдено дека заразувањето е надвор од работното место. На пример, имаме припадник на специјална единица кој се заразил додека волонтирал во Црвен крст“,
рече Чулев.