По долгогодишна истрага, бизнисменот и милијардер е обвинет за несоодветно аплицирање за ЕУ субвенции и штета на финансиските интереси на Унијата
Чешките обвинители подигнуваат обвинение за измама против поранешниот премиер Андреј Бабиш по долгогодишна истрага, соопштија денеска официјални лица во Прага.
Бизнисменот и милијардер е обвинет за несоодветно аплицирање за ЕУ субвенции и штета на финансиските интереси на Унијата.
Бабиш се товари дека добил околу два милиони евра помош од ЕУ за неговите компании за изградба на спа и ресорт во 2008 година.
Парите биле наменети за поддршка на мали и средни бизниси, додека Бабиш води голем конгломерат од околу 200 компании во областа на земјоделството, производството на храна и хемикалии. Заедно со Бабиш, обвинет е и поранешен вработен за поттикнување злоупотреба.
Бабиш (67) ги негираше обвиненијата.
Тој е основач на популистичката партија АНО, која загуби на минатогодишните парламентарни избори, иако се шпекулира дека Бабиш би можел да се кандидира за претседателската функција кога ќе заврши актуелниот мандат на Милош Земан во март 2023 година.