Ова ќе бидат шести избори од 2021 година, откако партијата Има таков народ (ИТН) на 28 март одби да формира Влада, која е трета партија која одбива мандат
Новата бугарска службена Влада предводена од премиерот Димитар Главчев вчера положи заклетва во Парламентот. Претходно, Владата беше назначена од бугарскиот претседател Румен Радев, кој најави предвремени избори на 9 јуни годинава.

Ова ќе бидат шести избори од 2021 година, откако партијата Има таков народ (ИТН) на 28 март одби да формира Влада, која е трета партија која одбива мандат.
И партијата ГЕРГ и партијата Промените продолжуваат-Деморкатска Бугарија (ППДБ) претходно изјавија дека не можат да формираат нов владин кабинет.
Бугарија од април минатат година имаше заедничка Влада поддржана од ППДБ и ГЕРБ, кои се договорија за 18-месечна Влада со ротирачки премиери. Прво премиер беше Николај Денков од ППДБ, а потоа Марија Габриел од ГЕРБ.
Како што беше договорено, Денков поднесе оставка на почетокот на март и го отстапи местото на ГЕРБ да ја води Владата во следните девет месеци.
Габриел не успеа да формира Влада, а Денков ја одби поканата на Радев да се обиде да формира Влада.
Ккао што известуваат бугарските медиуми, новите избори ќе се поклопат со изборите за бугарски пратеници во Европскиот парламент.