Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека имал видеоконференциски разговор со германската канцеларка Меркел во врска со отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Тој објави фотографија на Фејсбук надеж дека со германска помош ќе се донесат правилни одлуки.
„Имав видеоконференциски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. Ѝ се заблагодарив за личната заложба на неа и на германското претседателство со ЕУ во барањето на формули со кои ќе се овозможи започнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено во време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ ќе се донесат правилни решенија за оваа тема“,
напиша Борисов.
Ваквиот разговор на Борисов и Меркел следува откако вчера во Берлин вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи имаа средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, со посредство на германските министри за надворешни работи и за Европа, Мас и Рот.