Болсонаро се лекуваше од болки во цревата поврзани со прободувањето што го претрпи за време на изборната кампања во 2018 година
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница во близина на Орландо, Флорида, каде што беше примен во понеделникот, изјави извор близок до семејството Болсонаро.
Веста претходно ја објави колумнистот на „О Глоба“, Лауро Жардим, пренесува Ројтерс.
Болсонаро, кој полета за Флорида 48 часа пред крајот на неговиот мандат, беше примен во болница еден ден откако стотици негови поддржувачи дивееја низ владините згради во главниот град Бразилија.
Болсонаро се лекуваше од болки во цревата поврзани со прободување што го претрпе за време на изборната кампања во 2018 година. Неговиот лекар рече дека тоа не е сериозно.