На крајот од своето неколкучасовно сведочење, првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.
„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика“,
рече Боки.
Тој сведочеше од 10 часот утрово, а обвинителката Вилма Русковска на крајот имаше само едно прашање за него: Дали за да поседуваш легални средства треба да имаш трансакциска сметка?
Пред новинарите, пак, изјави дека исказот на Јовановски е лага и дека нема докази за тоа што го кажува.
Судењето ќе продолжи утре кога одбрана ќе дава поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
*Поврзани вести
Боки: Што ќе сум му јас на Камчев за да ми дава пари во февруари, кога Врховен го пушти во јануари?
Боки: Заев ми кажа дека странски служби и обвинител имаат предмет против мене и Катица
Боки тврди: Не сум ја допрел торбата „луј витон“, Милески еден-два дена подоцна ја врати кај Камчев
Боки: Кичеец ми кажуваше дека неколку пати со Ана Камчева бил во кабинетот на Заев
Судот одби Заев, ексдиректорот на УБК и уредници од 1 ТВ да сведочат во „Рекет“
„Рекет“: Катица Јанева го тужела Боки за неовластено снимање