Министерот за транспорт и врски соопшти дека, согласно досега добиените сознанија, автобусот во кој настрадаа 45-мина патници немал лиценца за вршење меѓународен превоз
Почната е постапка за одземање на лиценценцата за работа на „Беса транс“, во чиј автобус животот го 45 лица, во трагедијата што се случи во Бугарија, соопшти вечерва, на прес-конференција, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Бочварски информираше дека, превозникот „Беса транс“, ги исполнил условите и му е издадена лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници, со важност од 8 август 2018 година до 8 август 2022 година, односно има уредна лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници. Министерот појасни дека во системот на Министерството за транспорт и врски конкретниот превозник е заведен со четири возила, кои поседуваат лиценца за превоз, но откако се добиени информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатирано е дека тој автобус не бил пријавен од страна на превозникот, согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски.
Бочварски соопшти дека, согласно досега добиените сознанија, превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, врз основа на член 12 став 2 алинеја 1 од Законот за превоз во патен сообраќај, така што во тек е постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот.
Министерот за транспорт и врски, исто така, соопшти дека, на денешната седница, Владата го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“.
„Не можеме да знаеме во овој момент, додека трае истрагата, дали и колку пати ова возило ја напуштило државата и вршело ваков тип на превоз и транспорт“,
рече Бочварски
Контрола, појасни тој, врши Државниот транспортен инспектора и таа може да биде редовна или вонредна, а, исто така, може да биде извршена и секогаш кога овластен инспектор ќе го запре возилото или, пак, на граница при излез од државата.
Техничката исправност на возилата не ја утврдуваме ние, рече Бочварски и посочи дека тоа се утврдува во моментот кога се дава согласност и се прави контрола на техничката исправност на самото возило.
„Ние добиваме документација од тие компании согласно законот, дали и колку е технички исправно тоа возило да превезува патници, така што има различни типови на превоз, со 11, 15, 19 седишта, со 54 седишта. Согласно техничките можности и специфкации на возилотокое е регистрирано во државата, а таа регистрација ја врши МВР, после извршен техничи преглед во овластена компанија, се аплицира за некоја од овие дозволи, дали за меѓународен или за домашен превоз на патници“,
појасни Бочварски.
По добиените информации од МВР за опожареното возило, констатирале дека превозникот не го пријавил автобусот, спротивно на член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај. Поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски. Согласно овој член од Законот, како што рече Бочварски, превозникот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, да го извести Министерството за транспорт и врски за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на условите.