Блинкен истакна дека САД нема да престане со силни дипломатски напори со цел да спречат „нова руска агресија врз Украина“

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен изрази надеж дека САД нема да мора да воведат санкции кон Русија, но повтори дека Вашингтон е „подготвен за решителна акција во случај на руска инвазија на Украина“.
Блинкен во Киев изјави дека САД ќе продолжат да вложуваат дипломатски напори за решавање на тензичната ситуација околу Украина.
„Нема да ги запреме нашите силни дипломатски напори да спречиме нова агресија и да промовираме дијалог и мировни напори“,
изјави Блинкен.
Сепак, државниот секретар на САД, предупреди и дека тие ќе продолжат со зајакнување на воената помош кон Украина.
„Истовремено, ќе продолжиме да ги зајакнуваме одбранбените капацитети на Украина и недвосмислено ќе ја повториме цената што САД ќе и ја наметнат на Русија доколку таа не го прифати дипломатскиот пат, односно да изврши неразумна инвазија и да ја дестабилизира Украина без предупредување“,
рече Блинкен на прес-конференција во Киев, пренесува ТАСС.