Во фокус на разговорите била европската перспектива на земјите од регионот и на, како што посочуваат од МНР, принципиелната и континуирана унгарска поддршка во овој контекст, особено изразена за време на претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ
Благодарност за недвосмислената и силна поддршка на Унгарија и вложените напори во поддршка на македонските евроинтеграции изразил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за време на денешната средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан во владата на Унгарија, Жолт Бунфорд.

Во фокус на разговорите била европската перспектива на земјите од регионот и на, како што посочуваат од МНР, принципиелната и континуирана унгарска поддршка во овој контекст, особено изразена за време на претседавањето на Унгарија со Советот на Европската Унија.
„Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат преку исполнување на значајни реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународната сцена“,
се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Соговорниците се осврнале и на динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу двете земји во изминатите три децении и на одличната билатерална соработка во низа сектори, со посебен акцент на економскиот план.
