Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјава, соопштија од Кабинетот на Претседателот.
„Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информираше претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да започне во законските рокови, но и порано од тоа. Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена“
стои во соопштението.
Претседателот Пендаровски истакнал дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија, со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така, тој изразил очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.