Од Беса вела дека Артан Груби и Али Ахмети секогаш кога не знаат како да се справат со создадената ситуација во Владата бараат помош од Еди Рама, односно го користат албанскиот премиер да им помогне за да излезат од кризата
Движењето Беса информира дека нивниот претседател Билал Касами нема да присуствува на средбата во Тирана меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија. Во соопштението објавено на нивната фејсбук-страница се вели дека Артан Груби, но и Али Ахмети секогаш кога остануваат на раскрсница затоа што не знаат како да се справат со создадената ситуација во Владата и бараат помош од Еди Рама, односно го користат албанскиот премиер да им помогне да излезат од кризата.
„И овој пат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се снајдат во оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, тие наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го него и неговиот авторитет за да ги извлечат од кал каде што се заглавени две децении. Токму ова е причината што Движењето Беса и претседателот Билал Касами нема да седнат на маса со оние кои не успеаја да ја водат власта во државата. Сега наместо да излезат пред граѓаните да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама“,
додаваат од Беса.
Оттаму додаваат дека пред шест години присуствувале на состанокот на Еди Рама, каде што ветиле дека ќе се спроведат некои точки кои се од интерес за Албанците во Северна Македонија, но додаваат дека овој договор останал во Албанија и никогаш не ја видел светлината на денот.
„Вака одлучија Артан Груби и Али Ахмети. Неколку пати баравме заедничка средба на политичките лидери, но таа не беше реализирана. Побаравме и објаснување за неисполнувањето на овие точки што ги ветивме, ова исто така не беше разјаснето, сега се поставува прашањето зошто е потребно повторно да седнеме со овие луѓе, кога знаеме дека се се завршува со крајот на состанокот“,
додаваат од Беса.
Од Беса велат дека за брзо време планираат самостојна средба со албанскиот премиер.
„Многу брзо ќе имаме посебна средба со Рама, но како сериозна партија, како партија која координира, а не како партија која во име на координација или помошта што ја бара ги користи и официјална Тирана и албанскиот премиер за лични интереси“,
нагласуваат од Беса.
Средбата во Тирана, која треба да се одржи вечерва, со лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија ја свикува албанскиот премиер Еди Рама. Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.
Поводот и причината поради кои е свикана средбата се нејасни, а албанските медиуми информираат дека се работи за неформална средба на која, меѓу другото, ќе стане збор за политичката состојба во Северна Македонија, но и за други прашања од политичката сцена на Балканот.
Алијанса за Албанците и Алтернатива се „за“ средба на сите партии од албанскиот блок во земјава со албанскиот премиер Еди Рама. Од Алтернатива денеска преку соопштение информираа дека ја прифатиле поканата на албанскиот премиер Еди Рама, но немаат намера да влегуваат во дневно политичките агенди на другите поканети.
„Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Северна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од се е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза“,
се додава во соопштението од Алтернатива.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера рече дека станува збор за новогодишна средба со цел размена на мислења за актуелностите во регионот, очекувањата во Новата година, посакување на една подобра соработка во текот на оваа година.