Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, утринава соопшти дека во текот на ноќта е одбиен најмасовниот напад со беспилотни летата врз руската престолнина
Напади во текот на вчерашниот ден пријави и Украина. Началникот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко, објави дека регионот на Киев е изложен на непријателски напади повеќе од 24 часа – период во кој се оштетени 31 објект во пет области на регионот, а загинати се четири лица, од кои три деца
Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени во масовен украински напад со беспилотни летала извршен во регионот на Москва во текот на ноќта – изјави гувернерот на Московската Област, Андреј Воробјов. Според него, во нападот се пријавени пожари во неколку станбени објекти, а горел и магацин. Оштетена, според наводите на Воробјов, е и рафинерија за нафта, а на два аеродрома се ограничени летовите.

„Во текот на ноќта, Московскиот Регион беше цел на масовен напад со беспилотни летала. Во периодот меѓу 3:00 и 5:00 часот наутро, силите за противвоздушна одбрана и системите за електронско војување соборија и неутрализираа 249 беспилотни летала во 17 окрузи“,
изјави Воробјов.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, утринава соопшти дека во текот на ноќта е одбиен најмасовниот напад со беспилотни летата врз руската престолнина. Според неговите наводи, од вчера руските системи за противвоздушна одбрана собориле над 1 600 дронови, вклучително и 450 додека се приближувале кон Москва.
Напади во текот на вчерашниот ден пријави и Украина. Началникот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко, објави дека регионот на Киев е изложен на непријателски напади повеќе од 24 часа – период во кој се оштетени 31 објект во пет области на регионот. Во нападите, како што рече, убиени се мајка и нејзините две мали деца, а на повредите му подлегнало уште едно дете рането во областа Вишгород.
Освен жртви, Ткаченко вели дека во нападите се оштетени и станбени објекти, возила, индустриски и комунални капацитети, еден далновод, образовна установа и магацин.
