Утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци од вонредните контроли за увоз на сомнителен мазут во земјава
При проверки на стандардите за увоз на мазут во последниве две недели се пронајдени неправилности кај три компании и веќе неколку цистерни се со мазут се вратени од страна на Царинската управа, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој за Телма рече дека неправилностите што биле утврдени не се однесуваат на сулфурот туку на други параметри согласно стандардите.
Утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци од вонредните контроли за увоз на сомнителен мазут во земјата, а откако овие информации ќе се разгледаат од страна на Владата, ќе биде инфомирана јавноста и надлежните органи на прогонот, доколку се утврдат злоупотреби.
Министерот информираше дека од вчера заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабараторија на Битрото за метрологија започнаа вонредни контроли за квалитетот на течните горива.
„Вчера беа направени вондредни контроли кај пет компании за горивата кои ги користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, рече Бектеши.
Тој додаде дека планирани се контроли во сите десет компании кои што работат со трговија на нафтени деривати, а имаат над 300 бензиски пумпи низ земјава.
„Лабораторијата е во функција и граѓаните ќе знаат за квалитетот на течните горива од бензиските пумпи од каде што купуваат. Ние како Влада сме обврзани да им овозможиме на институциите да работат согласно нивните потреби, а тоа е независната мобилна лабораторија, која нема да биде селективна“,
рече Бектеши.