Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, во својот прв јавен настап по вчерашните избори вечерва изрази уверување дека откако ќе се избројат сите гласови, тој ќе биде прогласен за победник во трката за Белата куќа.
„Јасно е дека освојуваме доволно држави за да стигнеме до 270 електорски гласови потребни за да ја добиеме претседателската функција“,
рече Бајден од Делавер.
Но, тој сепак сè уште не тврди дека е победник.
„Кога ќе се заврши пребројувањето, верувам дека ќе бидеме победници“,
додаде тој.
Бајден во својот настап инсистираше на тоа дека мора да се смета на секој глас и нагласи дека победник не се станува со давање изјави, како што направи претседателот Доналд Трамп.
Тој вети дека доколку победи повторно ќе ја обедини нацијата и дека веќе нема да има црвени и сини држави, и кажа дека земјата мора да престане да се однесува кон политичките противници како кон непријатели.