Бајден, ги повика неговите симпатизери да дадат финансиски придонес во акцијата на неговата кампања за заштита на изборите во случај на можна правна битка
Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп најави правни постапки пред Врховниот суд поради, како што велат, нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.
Со тоа се отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во таа земја, која носи 20 изборни гласови.
Претходно, штабот на Трамп поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во сојузните држави Мичиген и Висконсин.
„Ние, исто така, бараме да се прегледаат оние гласачки ливчиња што беа отворени и преброени пред да имаме пристап“,
се додава во соопштението од тимот на Трамп.
Победата во Мичиген носи 16 електорални гласови, а за победа на изборите се потребни еден од кандидатите да освои најмалку 270 вакви изборни гласови.
Трамп изјави дека демократите насекаде „наоѓаат“ гласови за кандидатот Џо Бајден за да ја прекине предноста на Републиканците.
„Има извештаи за неправилности во неколку окрузи во Висконсин кои предизвикуваат сериозни сомневања за валидноста на резултатите. Претседателот повикува на итно пребројување на гласовите и ние тоа веднаш ќе го побараме“,
соопштија од штабот на Трамп.
Бајден го престигна Трамп во голем број држави, како Мичиген, Висконсин и Минесота, каде првично водеше сегашниот американски претседател. Демократскиот кандидат за претседатело на САД, Бајден, ги повика неговите симпатизери да дадат финансиски придонес во акцијата на неговата кампања за заштита на изборите во случај на можна правна битка.
„За да се осигураме дека секој глас ќе биде преброен, ние започнуваме најголема акција за заштита на изборите. Бидејќи Доналд Трамп нема да го одреди резултатот од овие избори, туку граѓаните на Америка“,
рече Бајден на Твитер.
Кандидатката за потпретседател на САД Камала Харис, исто така, ги повика приврзаниците на Твитер да донираат пари, пренесува Си-Ен-Ен.
„Трамп се закани дека ќе оди на суд за да спречи пребројување на сите гласови, но нашата кампања е подготвена да возврати. Нашата работа може да трае со недели и ни треба вашата помош. Дали можете да донирате пет долари на Фондот на Бајден за борба?“,
напиша Харис.
Исходот од претседателските избори во САД е сè уште неизвесен, а пребројувањето на гласовите и натаму трае.