На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека САД ќе бараат повеќе санкции за Русија
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „тоа што се случило во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.
„Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча… тој е воен злосторник“,
рече Бајден.
Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.
„Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“,
рече Бајден.
На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бараат повеќе санкции за Русија. Претходно и дел од европските лидери побараа нови санкции за Русија, а претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ е подготвена да испрати тим истражители за убиствата во Буча.