Противкандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп, на претстојните избори во САД, Џо Бајден, на прес-конференција го коментираше договорот кој го потпишаа Белград и Приштина вчера во Белата куќа и порача дека Косово треба да биде независна држава.
„Пред сè, не знам на што се однесува договорот. Она што го аргументирав секогаш, е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Јас поминав многу време таму … Врз основа на кажаното, претпоставувам дека тоа (договорот) ќе ја засили таа независност, но не знам“,
рече Бајден.
Во продолжението на неговиот одговор, тој го коментираше и Израел и порача дека е добро да се нормализираат односите со земја која има мнозинство муслиманско население.
Токму, Израел, како што пренесоа медиумите, е една од точките на договорот кој го потпишаа Србија и Косово вчера во Вашингтон.
Во документот кој се однесува на Србија се наведува дека Белград е согласна до 20 септември 2020 да отвори државна канцеларија во Ерусалим, а до 1 јули 2020 да ја префрли својата амбасада во Ерусалим. Оваа точка во договорот за Косово, пак, предвидува дека Косово и Израел ќе имаат меѓусебни признавања.
*Поврзани вести:
Вучиќ и Хоти потпишаа економски договор во Белата куќа: Трамп најави посета на Србија и на Косово
Вучиќ тврди дека потпишал билатерален договор со САД, а не и со Косово
Гренел со спротивна изјава од Вучиќ: Србија и Косово потпишаа договор, САД не се потписници