Бочварски рече дека „Беса транс“ поседувала и лиценца за превоз на патици во внатрешниот сообраќај, но таа им истекла во октомври. Дали „Беса транс“ во меѓувреме вршела превоз на патници и низ државава со истечена лиценца, не се знае
Во однос на двајцата возачи на кобниот автобус, Бочварски рече дека тие се воделе како невработени. Меѓутоа, едниот има сертификат за меѓународен сообраќај кон важел до 2023 година, додека на другиот сертификатот истекол во септември 2020
Во нашето обвинителство е оформен предмет кој треба да ги открие сите факти и докази околу тоа дали имало незаконско работење
Како што тече истрагата за автобуската трагедија во Бугарија, што ја водат бугарските истражни органи, така секојдневно и тука излегуваат нови информации.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти неколку податоци кои се поврзани со автобусот и со превозот што го правел во странство, иако се покажа дека немал дозвола (извод од лиценца) за тоа и користел таква дозвола од друго возило исто така сопственост на „Беса транс“.

„Во 2020 година овој автобус имал 22 излегувања и влегувања од државата. Во 2021 година имал 113 влез-излез од државата. Тој е произведен во 2007 година, регистриран на 15 октомври оваа година (важност до 13.10.2022), а последниот технички преглед е направен на 5 октомври годинава и притоа не се регистрирани отстапки или укажувања за неисправност“,
рече Спасовски.
Во однос на инспекциските проверки, ова компанија и во 2020 и во 2021 година има кривични пријави и прекршочни постапки, но поврзани со прекршувања на ковид-протоколите.
По несреќата, како што кажа Спасовски одговарајќи на новинарски прашања, покрај истрагата на бугарските органи која треба да покаже како дошло до несреќата, во нашето обвинителство е оформен предмет кој треба да ги открие сите факти и докази околу тоа дали имало незаконско работење.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференцијата попладнево го потврди она што претходно и преку соопштние го соопштија од Министерството – дека автобусот со кој настрадаа 45 лица, а седуммина се повредени во сообраќајката во Бугарија користел извод од лиценца од друг автобус, а понекогаш при премините на границата била прикажувана лиценцата која ја поседувала компанијата за меѓународен превоз на патници.
Оваа лиценца е одземена.
Бочварски исто така рече дека „Беса транс“ поседувала и лиценца за превоз на патици во внатрешниот сообраќај, но таа им истекла во октовмри. Дали „Беса транс“ во меѓувреме вршела превоз на патници и низ државава со истечена лиценца, не се знае.
Во однос на двајцата возачи на кобниот автобус, Бочварски рече дека тие се воделе како невработени. Меѓутоа, едниот има сертификат за меѓународен сообраќај кон важел до 2023 година, додека на другиот сертификатот истекол во септември 2020.