Против претседавачот на Советот Славевски, како што информираат оттаму е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот, Законот за локална самоуправа и Деловникот град Скопје.
Град Скопје, по денешната седница, на која наместо поставување на советнички прашања повторно избувна жестока расправија меѓу градоначалничката, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, попладнево преку соопштение побара од Славески да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
„Жалиме што скопската јавност уште еднаш беше сведок на самоволието, некултурата и немањето на доволен демократски капацитет на претседавачот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски. Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 совентици, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славевски кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор“,
се вели во соопштението.
Од Градот потенцираат дека скопјани не се должни на сопствена штета да трпат последици поради „хировите на еден човек кој има една, единствена и основа задача – воведување на едноумие по примерот на неговиот политички ментор – Христијан Мицкоски“.
„Затоа, од сечија корист би било г-дин Трајко Славевски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје, смислената хајка поради политичката нетрпеливост и поради потребите на пи-ар на тимот на Христијан Мицкоски. Недозволиво е, граѓаните на градот Скопје поради потребите на оваа политичка групација која институционално но и вон-институционално прави сѐ да прикаже `неспособност` на градската администрација, тоа да го прави на штета на скопјани“,
се наведува во соопштението од Град Скопје.
Против претседавачот на Советот Славевски, како што информираат оттаму е поднесена итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа поради тешки прекршувања на Уставот, Законот за локална самоуправа и Деловникот град Скопје.
„Апелираме, министерството и инспекторатот веднаш да ја разгледаат претставката и соодветно да реагираат во корист на скопјани“,
порачуваат од Градот.
На денешната седницата на Советот на Градот, на која беше предвидено точка на дневен ред да бидат советнички прашања, повторно еруптираше нетрпеливоста меѓу претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска, која овој пат го нарече „Хитлер“, „деспот“ и „тиранин“.
За потсетување, на почетокот на седницата, Славески јавно го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира откако градоначалничката на Скопје му го одзеде копчето за вклучување и исклучување на микрофините на советничката говорница.
„Јас немам друг начин да одземам збор освен да исклучувам микрафони на советниците. Во овој момент јавно го повикувам Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје. Ќе побарам и писмено, заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на совет“,
рече Славески.
Имано, пред две седници, во Советот на Град Скопје беше поставен нов систем со кој претседателот на Советот веќе нема копче со кое може да интервенира односно да ги исклучува советниците кои не се придржуваат до точките дневниот ред и говорат на теми надвор од нив. На Славески му беше одземена оваа можност откако тој ѝ го исклучи микрофонот на Арсовска пред три седници бидејќи таа го критикуваше и го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Откако Славески даде пауза поради неможноста да се користи говорницата во салата на Советот на Град Скопје бидејќи копчето за вклучување и исклучување на микрофоните е отстрането, таа продолжи со упатство од првиот човек на Советот неговите колеги да се обраќаат од место или, пак, како опција им го понуди местото до него.
Претходно тој го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето за вклучување и исклучување на микрофонот на говорницата.
Во тие моменти за збор се јави градоначалничката Арсовска, која Славески ја упати на микрофонот и местото до него, дофрлувајќи ѝ дека таа фотелја е многу поудобна од, како што рече, магарешките клупи во кои седи таа во задните редови од салата.
Арсовска, сепак застана на говорницата, со насмевка го проследи дофрлањето на претседателот на Советот, а потоа до неа дојде човек, веројатно од техничката служба на Град Скопје кој и намести мал микрофон т.н. „бубачка“.
Во истиот момент Славески повторно даде пауза од 15 минути бидејќи како што истакна повторно има неовластено користење на опремата и стана од своето место.
„Г. Хитлер не ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Навистина е недолично тоа што го правите. Прво го кршите Уставот потоа сте ситен лопов и сте човек којшто краде и не е во ред тоа што го правите. Крадете. Тој микрофон е сопственост на Град Скопје и на службите“,
му се обрати Арсовска на Славески.
По уште една пауза и продолжување на расправијата меѓу Арсовска и Славески по неа, претседателот на Советот на Град Скопје ја прекина седницата поради, како што рече, опструкции од страна на градоначалникот и заради нејзино недолично однесување.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како што пренесе СДК.мк на денешната седница на Советот на Град Скопје повика полиција и го пријави претседателот на Советот Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата во пленарната сала на Советот на Градот.
Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата, пишува порталот.
Политичкиот антагонизам меѓу Славески, односно ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која беше избрана на функцијата како кандидат токму на оваа партија, почна во првата половина на септември кога Арсовска смени неколку директори на јавни претпријатија под Град Скопје, обвинувајќи ги за сторен криминал во износ од 136 милиони евра, и на седниците на Советот упати остри критики до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „шпицен градоначалник“.