Апелацискиот суд во Скопје ја одбил жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која нејзината одбрана ја поднесе за одредениот куќен притвор во случајот „Рекет“ каде што таа е обвинета, потврдуваат од второстепениот суд.
Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.
Таа во случајот „Рекет“ е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања. Со неа на обвинителна клупа е и Бојан Јовановски-Боки13 кој се наоѓа во притвор во Шутка. Тој е првообвинет за примање награда за противзаконско влијание и перење пари и други приноси од кривично дело.
Со нив за помагање во делото примање награда за противзаконито влијание беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој призна вина и доби затворска казна од три години.
Следното рочиште за предметот „Рекет“ треба да се одржи на 20 јануари (понеделник). Досега се одржаа вкупно шест рочишта, на кои покрај воведните зборови се сослушаа десетина сведоци.
Што се случуваше на досегашните рочишта прочитајте во сумираните извештаи на „360 степени“:
Судење за „Рекет“ – чин втори (ВИДЕО)
Судење за „Рекет“: „Обвинителот Боки“ и „госпоѓата Јанева“ низ сведочењето на Камчева
Судење за „Рекет“ – „Поштенска банка“ влезе во записниците
Судење за „Рекет“ – „Прокуристот“ Боки 13 во улога на уредник и домаќин на политичари