Според владиното соопштение, попустот, како и досега, ќе изнесува три денари по литар за дизел-горивото и два денари по литар за 95 и 98-октанските бензини
Попустот на горивата што ОКТА го одреди до крајот на месецов, се продолжува до 18 мај годинава – информираат вечерва од Владата по разговори со нафтената компанија.

Според владиното соопштение кое го пренесува МИА, попустот со кој се намалуваат малопродажните цени на горивата, како и досега, ќе изнесува три денари по литар за дизел-горивото и два денари по литар за 95 и 98-октанските бензини.
„По разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година“,
се наведува во соопштението на Владата.
Оттаму посочуваат дека надлежните институции ќе продолжат да ги следат состојбите, да реагираат соодветно и да носат мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во услови на глобални енергетски предизвици.
