Директорот на ДЗС вели дека пожарот се одвива на стрмен и непрооден терен со густи трња и грмушки, поради што интервенцијата од копно е невозможна
Трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска се вклучени во гасење на пожар на непристапен терен на планината Жеден кај Јажинце. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека пожарот се одвива на стрмен и непрооден терен со густи трња и грмушки, поради што интервенцијата од копно е невозможна.

„’Ертракторите’ денес работат со концентрирано дејство на неколку точки каде што имаме намера да го пресечеме пожарот и да не дозволиме негово ширење. На тој начин ќе воспоставиме делумна контрола, а можеби до крајот на денот и целосна контрола на овој пожар, што значи дека ќе остане активен, но во контролирано подрачје“,
изјави директорот на ДЗС..
Ангелов изрази благодарност до пилотите на Дирекцијата кои, како што вели, секојдневно пожртвувано работат и влегуваат во ризик летајќи ниско над пожарите.
