Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето. Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање. Впечатливи се податоците кои покажуваат дека Северна Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германиј, а најмалку од жирито на соседна Србија.
Во финалето, пак Северна Македонија најмногу гласови според жири – 12, даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта. Гласањето на жирито се разликуваше од телефонското гласање, според кое 12 поени освоила Србија, а 10 Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.