Лидерот на ДУИ смета дека причина за ваквите резултати е ниската излезност
По завршувањето на гласањето за избор на нов општински совет во Тетово, лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека кандидатите од неговата партија освоиле 7 706 гласови, а дека листата на Беса добила 8 340 гласови.
„Тоа е демократијата, треба да се почитува“,
рече Ахмети и додаде дека излезноста на изборите во Тетово беше ниска, што е причина за епилогот од гласањето.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев вечерва, од општинскиот штаб на партијата во Тетово прогласи убедлива на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ на изборите за општински совет, истакнувајќи дека о ова власта на СДСМ и Ковачевски е делегитимирана од страна на граѓаните.
Според податоците во моментов на вебстраницата на ДИК, од досега преброените гласови најмногу гласови има Беса 6 098, потоа ДУИ со 5 396, ВМРО-ДПМНЕ со 2 402, СДСМ со 1 562, ДПА со 733, Алтернатива со 654, Левица со 502, ГИ Ељмедина Абдуллахи со 494, Алијанса на Албанците со 455, ПЦЕР 296, ДПТМ 210, Интегра 115, ГИ Агон Заими 121.
Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа.