„Претседателот Ахмети го истакна уверувањето дека сите проевропски сили во нашата земја ќе се мобилизираат да го следат интегративниот пат и нема да дозволат деструктивни и регресивни влијанија во остварувањето на целите на граѓаните“, се наведува во соопштението за средбата
Амбасадорот на Франција денеска имаше средба и со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на која било разговарано за „актуелната политичка состојба и заедничките предизвици околу евроинтеграциите“
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вечерва имал средба со францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, на која било разговарано за уставните измени и потребата од завршување на овој процес.
Како што информираат од партијата, Ахмети и Бомгартнер високо го оцениле евроитегративниот процес што С Македонија го започна со одржувањето на првата меѓувладина конференција по отворањето на разговорите за членство во Европската унија и која веќе продолжува со скрининг-процесот.
„На средбата, двајцата соговорници разговараа и за уставните измени и потребата од завршување на овој процес како услов за продолжување на европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, а соработката меѓу политичките партии во земјата е повеќе од соодветна бидејќи земјата е во клучен момент да се движи напред“,
стои во соопштението од ДУИ.
Ахмети, меѓу другото истакнал дека токму францускиот предлог на претседателот Макрон го стави на прав пат интегративниот процес на земјата и дека „соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште повеќе со поддршката на Франција до финализирање на процесот на интеграција во ЕУ“.
Амбасадорот Бомгартнер ја изразил целосната поддршка на Франција за европската интеграција на нашата земја.
„Претседателот Ахмети го истакна уверувањето дека сите проевропски сили во нашата земја ќе се мобилизираат да го следат интегративниот пат и нема да дозволат деструктивни и регресивни влијанија во остварувањето на целите на граѓаните“,
се наведува во соопштението за средбата.
Амбасадорот на Франција денеска имаше средба и со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на која било разговарано за актуелната политичка состојба и заедничките предизвици околу евроинтеграциите.
Како што информираат од партијата Таравари го информирал амбасадорот за посветеноста на АА и поддршката за сите досегашни иницијативи поврзани со интеграциите.
На заедничката прес конференција, Таравари најави дека Алијансата за Албанците ќе го продолжи овој пат во интерес на државата и нејзините граѓани.
Пред амбасадорот на Франција, тој ги образложи плановите и стратегијата на АА за иднината, барајќи и помош од амбасадата и експертите.
Амбасадорот на Франција во земјава рече дека Франција има посебен однос со градот Тетово.
Амбасадорот Баумгартнер додаде дека се разговарало за справувањето со предизвиците што ја очекуваат земјата, ценејќи ја и улогата на АА, со цел да се олесни процесот на интеграцијата, нагласувајќи дека нашата земја веќе го има трасирано патот кон иднината.
Алијанса за Албанците неодамна излезе со барање за замена на дефиницијата за јазик што го зборуваат најмалку дваесет отсто од граѓаните со албански јазик, како услов без чие исполнување не би гласале за внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот.