Ситуацијата во Кабул се влошува, информираат светските медиуми. Најновата информација е дека се забранети какви било полетувања на комерцијални авиони од меѓународниот аеродром кој е последната точка за извлекување на цивили од земјата откако Талибанците го зазедоа и главниот град.
Според Авганистанската служба за цивилна авијација целосно е затворен цивилниот дел од аеродромот „Хамид Кардаи“. Воениот дел од аеродромот функционира, но само за воени летови.
Амбасадата на САД во Кабул објави предупредување до сите граѓани да не патуваат до аеродромот во Кабул освен ако немаат добиено прецизни насоки дека треба да бидат евакуирани.
Ситуацијата на аеродромот е хаотична каде илјадници Авганистанци се обидуваат да обезбедат визи и да ја напуштат земјата откако Талибанците ја презедоа контролата. Аеродромот е под контрола на американски сили кои се присутни за да обезбедат непречена евакуација.