Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во интервју за „Дојче Веле“, нагласува дека најдобар начин за борба против негативното влијание, не само од Русија, е што побргу влез на државата во Европската Унија.
Прашан за идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за „европска политичка заедница“, Абазовиќ смета дека треба да има забрзување на процесот за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ а не да се создаде „втора категорија“
„Морам да почитувам секакво мислење. Но, мое мислење е дека треба да има забрзување на овој процес за прием на овие земји во ЕУ, а не да се создаде „втора категорија“ туку овие земји да се примат во „првата категорија“ на Европската унија. Разбирам дека можеби претседателот Макрон има своја визија за тоа како може да функционира ова, но Украина и сегашната криза многу добро ни покажуваат што може да се случи ако бидеме премногу бавни во процесот на донесување одлуки. Повторувам дека треба побрзо да се движиме кон ЕУ, без други алтернативи. И јас го ценам секое решение или мислење за тоа како можеме да го постигнеме тоа“.
рече Абазовиќ.
За разлика од Црногорскиот престедател, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ е подржувач на „Отворен Балкан“. Според него проблемот е што луѓето од Западен Балкан се обидуваат да го драматизираат секое прашање. Берлинскиот процес, ЦЕФТА, „Отворен Балкан“ или која било друга иницијатива како заедничка порака имаат регионалната соработка.