Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика, изјави обвинителот
Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители и ја презеде функцијата од Вилма Русковска.
Од обвинителката Русковска тој доби информации за дел од предметите што се работат во обвинителството, а од новинарите, пак, претходно доби прашање за фотографиите што се појавија во јавноста, а на кои тој е со претставници на ДУИ. Една од фотографиите кои ги коментираше беше со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, на планира.
„Во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми е ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв, тоа е еден врв во Република Северна Македонија, е радост и се практикуваат слики да го обележиш тој настан за искачување на врв. Тука сме се нашле ние случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика“,
рече Абази.
Во неговото прво појавување по победата на изборите на 7 ноември, обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, или други функционери од редовите на интегративците.
По ваквата негова изјава, пак, медиумите објавија фотографии со кои го демантираа. Покрај со Бејта, меѓу фотографиите што се појавија беше и со братот на Али Ахмети, Фикри.